Јоханес Хан ќе биде номиниран за трет комесарски мандат во Европска комисија

Јоханес Хан, кој е во посета на Скопје, ќе трча за трет комесарски мандат во Европската комисија. Тој е консензуален предлог на австриската влада.

Ова го објави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција во Владата на РСМ.

Јоханес Хан е сѐ уште Комесар за проширување и добрососедска политика, но не е извесно дали и третата номинација на Владата на Австрија е за ова место или за некое друго во европската влада.

Премиерот Заев ја истакна досегашната улога на Хан во напредокот на Македонија кон ЕУ.

Тој изрази надеж дека на есен Македонија ќе го дочека најавениот датум за почеток на преговори со ЕУ.

Јоханес Хан се заблагодари за убавите зборови и рече дека е голема чест да добие консензуална номинација на австриската влада и прифаќањето на истата од австрискиот парламент.

Тој рече дека негова цел е Македонија да добие зелено светло во октомври за творање на преговорите, бидејќи како што рече, Македонија направи сѐ што бееше побарано од неа.

Некогаш мора и ЕУ да испорачува, не само вашата земја, рече Хан.

Тој рече дека денеска имал одлична средба со премиерот Заев.

Потенцираше дека сите се одговорни за владеење на правото и побара да се концентрираат на стратегиската цел, датум за отворање преговори.

Ќе се сретне со претседателот Пендаровски, со Али Ахмети и со Христијан Мицкоски.

Сите ги повика да ги поддржат реформите во правосудниот систем.

Рече дека ЕУ го следи целиот процес многу внимателно, вклучитлно и новиот Закон за Јавно обвинителстви и судбината на СЈО.

Побара целосно расчистување на корупциските скандали.