ЕКО-КАТАСТРОФА во Кичево!
Ново настанатата дива депонија над месноста Иванидол не запира!
Претседателот на МЗ ,,Иванидол“ упати драматичен апел за еколошка катастрофа во кичевско, направена од ЈП ,,Комуналец“ од Кичево.
И покрај тоа што градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, Јавното претпријатие и полицијата се известени, никој ништо не презема.
Видеото од дрон покажува драматични размери на ширење на дивата депонија.
Населението од урбаната средина Иванидол најавува масовни протести и блокирање на патиштата.