Вандализам!

,,Не постои друг збор со кој би можеле да ја опишиме оваа глетка. Кои зборови треба да се употребат за да се објасни оваа ситуација?
Тука нема свест, тука нема култура, тука нема ништо.
Се казнувате сами, ги казнувате вашите деца, ги казнувате идните генерации на овој град. До кога вака? 
СРАМ ДА ВИ Е !“

ЈП Комуналец реагира за вандализмот во нивниот град. Вандали ги запалија пластичните специјализирани контејнери за хартија и пластика, кои ги постави неодамна.

Ова јавно претпријатие изминатиот период имаше инвестициски активности, но секој нивен напор беше пречекан од несовесни граѓани и на овој начин:

Кавадарчани сами празнат специјализирани контејнери за пластика, за што имаше реакции од повеќе страни .

-Со оваа постапка поединци не само што ризикуваат да бидат повредени, туку и ја нагрдуваат околината.
Општината и Јавното претпријатие “Комуналец” неодамна ги поставија овие контејнери во соработка со “Пако Мак” со цел поубав и почист град и селектирање и рециклирање на отпадот, изјавија од “Комуналец”. 


Оттаму уште еднаш апелираат до несовесните да не ги празнат сами специјализираните контејнери, кои инаку се празнат со специјални возила. Истовремено повикаа сите вакви случаеви да се пријават во претпријатието или полицијата.