Доајенот и ветеран на штиците што живот значат во Југословенско драмско позориште во Белград, Бранка Веселиновиќ, со своите колеги го прослави својот стоти роденден на сцената  на нејзината матична куќа.

Со многу љубов од  колегите и пријателите, почит, со торта и шампањско, виталната стогодишнакиња не ја криеше радоста затоа што на овој начин се сетиле на неа.

 

„Овде ја сретнав љубовта на мојот живот, овде го поминав најголемиот дел од мојот живот, ги запознав моите колеги и пријатели. Тука го дочекав мојот стоти роденден со ваша поддршка и аплауз, Ви благодарам“-рече славеничката.

Бранка Веселиновиќ беше член на првиот ансамбл на Југословенско драмско позориште. Играла во многу претстави со свои бројни култни колеги. Беше амбасадор на УНИЦЕФ.

Преземено од:РТС