Џошуа Чети, јужноафрикански тенисер, е доживотно суспендиран затоа што се обидел да намести меч, соопшти денес Единицата за интегритет на тенисот.
Дваесет и едногодишниот Чети во ноември 2015 година за време на турнирот во јужноафриканскиот град Стеленбос на еден играч му понудил 2.000 американски долари да одигра лош меч во сингл, а 600 долари за лош меч во двојки, но тој тенисер ја одбил понудата и го пријавил случајот.
Името на тенисерот кому Чети му понудил пари не се соопштува.
Чети е моментно 1.857 тенисер на АТП листата.