Јункер во Софија пред лидерите од Западен Балкан ќе ја презентира стратегијата за проширување на ЕУ

Во Софија денеска претседателот на ЕК,Жан Клод Јункер, ќе ги собере лидерите од Западен Балкан и детално ќе ја презентира стратегијата за проширување на ЕУ.

Со ова тој ќе ја заврши балканската турнеја.

На собирот ќе присуствуваат и висоакат претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а ќе председава Бојко Борисов, премиер на Бугарија, која   председава со Европската Унија.