Љатифа Шиковска е првата Ромка пратеничка во македонскиот Парламент

Љатифа Шиковска е од Шуто Оризари, дипломиран професор по физичка култура, и директор на НВО „Амбрела“.

Таа беше на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2 каде носител беше Оливер Спасовски.

Љатифа пред да биде дел од Извршниот одбор на СДСМ децении наназад, беше познат ромски активист, која се бореше на секој начин за остварување на основните човекови права како и заштита на децата, пишува порталот romatimes

.Таа знае често да вели:

Јас не седам во канцеларија, мене канцеларијата ми служи само како еден технички сервис каде што се подготвувам, во принцип сите овие години работам на терен, бидејќи сметам дека токму на терен ја гледаш реалната состојба во однос на ситуацијата која се однесува на Ромите и врз основа на нивните потреби и проблеми ние креираме проекти“-пишува Рома Тајмс.

Таа напоменува дека еден од најгорливите проблеми во ромската заедница е немање на лична документација.

Сега кога се очекува да седне на пратеничкото место, нејзината шанса е тој проблем да го анимира и да ко канализира преку законодавниот дом.

По нашата објава преземена од порталот romatimes, реагираа повеќе читатели укажувајќи дека сепак првата жена Ромка во македонскииот Парламент е Ѓулистана (Марковска) Јумеровска, која беше дел од парламентарниот состав 1991-1994 година како дел од Сојуз на реформски сили на македонија, на чие чело тогаш беше Стојан Андов.

Ѓулистана Марковска беше дел и од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во следниот парламентарен состав.