Љубаништа никој не го чисти

Иако границите на Општина Охрид го опфаќаат административно и Љубаништа, и јавните служби имаат еднакви обврски и кон жителите во тој регион, сепак со денови, овие контејнери стојат вака.

,,Зошто Охридски Комуналец не го опслужува и ова население? Нема доволно механизација? Па неодамна се пофалија со набавка на нови возила за оваа намена!

Уште еден нов градоначалник, а повторување на истите практики со децении. Преполни отворени контејнери, смрдеа, неселектиран отпад на едно место“-реагираат и туристи и жители.