Американското министерство за финансии ја објави Црната листа на лица и организации за 2017 година кои имаат забрана за влез во Америка или чии средства се блокирани. На илјадници лица, фирми и организации ќе им бидат замрзнати или блокирани финансиските сметки и имот на територија на САД.

И оваа година од Македонија на Црната листа се наоѓаат донеодамнешниот лидер на ДПА Мендух Тачи и Љубе Бошковски, актуелен лидер на Обединети за Македонија.

Од Македонија непожелни за САД  уште се: Џевад Адеми -висок функционер на ДУИ, Невзат Халили -долгогодишен функционер на ПДП, Кастриот Хаџиреџа, Нури Беџети, Гафур Адиљи и Џеват Хасани.

Министерството за финансии исто така прави листа на потенцијално опасни личности и организации поврзани за тероризам. Од Македонија на оваа Црна листа е ставен Абдуљ Јашари од од Скопје. Тој бил припадник на терористичката АлНусра и се борел во Сирија : (JASHARI, Abdul (a.k.a. AL-ALBANI, Abu Qatada; a.k.a. AL-ALBANI, Abu-Qatadah; a.k.a. JASHARI, Abdulj; a.k.a. JASHARI, Abdyl; a.k.a. “IRAKI, Commander”), Syria; DOB 25 Sep 1976; POB Skopje, Macedonia; nationality Macedonia, The Former Yugoslav Republic of (individual) [SDGT] (Linked To: AL-NUSRAH FRONT).)

Јашари е  еден од тројцата клучни луѓе во опасната терористичка организација Ал Нусра Фронт која делува под знамето на Исламска република.

За да бидат избришани од американската Црна листа , лицата кои се наоѓаат на неа треба да поднесат барање и доволно докази дека нема причина да се најдат таму.

Освен за Балкан, црната листа вклучува луѓе и организации од Блиски исток, Северна Африка, Украина, Белорусија и од Зимбабве.

АКО.мк