Љубчо Георгиевски му платил на Панчевски за лажните швајцарски сметки на Црвенковски и Костов

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на својот ФБ профил изнесе скандалозно признание дека адвокатот Игнат Панчевски му доставил  лаѓни  докази, но и дека го уценувал со наводни негови компромитирачки материјали, за што му платил неколку десетици илјади евра . Георгиевски испровоциран од нови обвинувања на Панчевски дека затајувал докази заради што Тарчуловски бил неправедно осуден, одговори со податоци кои откриваат дека аферата што пред десетина години ја објави весникот Фокус,во време кога главен уредник беше Никола Малденов, всушност е негова конструкција.

Еве што напиша Георгиевски:

,,Во последните 10-тина дена добив неколку непринципиелни напади од адвокатот Игнат Панчевски.

Па за да не остане некаква забуна еве да одговорам. Прво човекот наведе еден куп небулозни настани што воопшто не постојат и немам ништо друго да додадам освен се што има компромитирачко за мене нека го предаде на институците а може и јавно да го објави, а јас ќе се задражам на две работи.

Точно е дека во време на судењето во Хаг, Панчевски со еден негов партнер дојдоа да ми понудат докази како одредени Нато земји учествувале во борбата против Македонија. ЗА тоа јас им исплатив околу дваесет и пет илјади евра и не добив ништо. Некакви писма на лош англиски “божемни“ шифри и еден куп фалсификат документи.

Впрочем, истите тие може и денеска да ги објави. Ако не друго, од историски аспект за да ја расчистиме 2001.

Паралелно со тоа ми понудија докази за банкарски сметки на Бранко Црвенковски и Хари Костов. Јас им ги платив, а Фокус ги објави.

Веродостојноста ја заклучив врз основа на фактот што тие двајцата, Панчевски и неговиот партнер во истото време ми организираа средба со Верушевски за која ја имам веќе информирно јавноста.

Мислам дека за сега е доволно…“-пишува на својот ФБ профил поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Аферата ,,Швајцарски сметки“ весникот Фокус ја објави во 2005 година, а резултираше со судски процеси.Сопственикот на неделникот “Фокус”, Никола Младенов, ги загуби двата судски процеса. Судот пресуди дека весникот  го наклеветил генералниот директор на Комерцијална банка, Хари Костов, во аферата   “Швајцарски сметки” и поради тоа судот му изрече казна од 150 дневни глоби во денарска противвредност од по 1.039 денари или вкупно 155 илјади денари.
Основниот суд Скопје 1, делумно го уважи и имотноправното барање на Хари Костов за надомест на нематеријална штета, при што според таа основа Младенов треба да уплати 950 илјади денари за претрпени душевни болки поради повреда на угледот и честа.
На изрекувањето на пресудата, што ја соопшти судијката Весна Димишковска, освен застапникот на тужителот, адвокатот Стеван Павлевски, не дојде ниту Хари Костов, ниту тужениот Никола Младенов и неговиот адвокат Александар Тортевски.

Судскиот процес што го иницираше Хари Костов беше мотивиран од пишувањата на Младенов, кој тврдеше дека поседува релевантни информации со кои се докажува дека биле префрлани големи суми девизи на конта во странски банки. Скандалот, во две продолженија, го пласираше “Фокус”.
Текстовите што беа објавени на 2 и 9 декември 2005 година беа поттик претседателот на државата Бранко Црвенковски да побара Јавното обвинителство на Македонија да се вклучи во докажувањето на она за што тој и Хари Костов беа осомничени. И додека Црвенковски ја чекаше одлуката на Обвнителството, Костов поднесе приватна тужба со која Младенов беше обвинет за клевета.
На неколкуте одржани рочишта Младенов се обидуваше да докаже дека намерата не му била некого да наклевети и навреди, туку со искажаното сомнение во иникриминираните текстови да ги мотивира државните институции да отворат истраги за овие случаи. Од друга страна, Хари Костов, презентираше релеветни докази со кои потврди дека не поседува девизни конта во швајцарските банки кои се спомнуваа во текстовите.
За аферата “Швајцарски сметки” Никола Младенов за клевета беше тужен и од тогашниот Претседател на државата, Бранко Црвенковски и го доби процесот, а отштетата од 30.000 евра ја уплати на Домот за деца без родители.

АКО.мк