Љупчо Николовски на местото на Кирацовски во СДСМ

Досегашниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е разрешен од местото генерален секретар на СДСМ.

На негово место е назначен Љупчо Николовски, актуелен министер за земјоделство.

На седницата на Централниот одбор на СДСМ, главна тема е досегашната работа на партиските функционери. Поради големото незадоволство кај членството и во јавност, се очекуваат повеќе смени, а се шпекулира дека ќе боде сменето целото актуелно раководство на СДСМ.