Љупчо Николовски шеф на изборен штаб на СДСМ, Шекеринска задолжена за изборната програма

На предлог на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Централниот одбор едногласно го избра Љупчо Николовски за Шеф на изборниот штаб на СДСМ.

Николовски во обраќањето пред членовите на ЦО рече дека СДСМ како најголема, најсилна и најорганизирана партија во државата ја води државата по прав пат и нема да дозволи деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат назад, во неизвесност, изолација и нестабилност.

– Нашиот концепт е чесен и одговорен, насочен единствено кон граѓаните, кон државата и нејзината иднина. Убедени сме дека нашиот државнички концепт е препознаен од граѓаните и дека на 12 април масовно ќе дадат поддршка и дека на тој пат треба да продолжи да чекори државата напред. Секој ден и секој час макотрпно ќе работиме, заедно со секој наш член, со секој волонтер, со граѓаните. Следуваат средби со различни целни групи а на новата програма ќе работат и комисиите со вкупно 160 сектори. Ќе ги вклучиме и граѓанските организации и повторно новата Влада ќе ја формира СДСМ. Затоа што имаме чист, јасен, државнички концепт, рече Николовски.

Централниот одбор на СДСМ ја задолжи заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април. 

Централниот одбор избра и нова партиска Комисија за спорт за чиј претседател е именуван Наумче Мојсоски, познат македонски ракометен репрезентативец.

Извор: СДСМ