Вљубеничката во природата, планинските врвови и предизвиците, храбрата Љуљета Адеми, пред неколку дена со група алпинисти успеа да се искачи на еден од највисоките европски планински врвови-Триглав.

Нејзиниот подвиг е дополнително за респект, затоа што таа е првата жена со инвалидет која успеала да се качи на Триглав кој е висок 2864 метри.

Љуљета Адеми е советник во Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија,Стево Пендаровски.