Братучедите Марија Витанова(24) и Методи Витанов (25) утринава загинаа во сообраќајна несреќа која се случила во Пјаченца, Италија. Заради неприлагодена брзина нивниот автомобил „Рено клио“ удрил во дрво, по што се запалил.

Местото на несреќата, автомобилот во пламен

Двајцата братучеди не можеле да излезат и настрадале на местото на несреќата.

Според италијанските медиуми Марија Витанова е ќерка на македонскиот конзул во оваа земја, струмичанецот Стојан Витанов.

Местото каде се случила собраќајната несреќа важи за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.

Стојан Витанов е македонски конзул во Италија , а седиштето на конзулатот е во Венеција.

Македонскиот конзул во Италија Стојан Витанов

Македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, на оваа должност стапи во јуни 2019 година.

Извор:
https://www.piacenzasera.it/