Ќерката на Митко Чавков им се обрати на членовите на ВМРО ДПМНЕ кои протестираа пред Влада

Со плачлив глас, пред насобраните граѓани кои протестираа пред Влада на РМ за ослободување на приведените за насилството во Собрание на РМ, им се обрати ќерката на Митко Чавков, Зорица.

Таа го фалеше својот татко, нарекувајќи го голем професионалец и патриот.

,,Татко ми  не е терорист, тие не се терористи. Мојот татко Митко Чавков нема ништо сторено за да заслужи ваков третман. Срамота е во утрински часови да се даваат наредби за упад во нашите домови. Единствено нешто што најдоа во нашиот дом беше службениот пиштол на мојот татко и неговиот телефон. Зарем тоа се најголемите докази за тероризмот на мојот татко. Еден ден ќе се срамат од ова што го прават. Политичарите од актуелната власт молчат. Ви благодарам за поддршката што ни ја давате, од името на татко ми. Се гордеам со своето презиме, се гордеам со мојот татко Митко Чавков“-рече плачејќи неговата ќерка Зорица.