Ќе има 63 пратеници, но од здружената опозиција

Побарал Груевски од граѓаните 63 пратеници …вели во својата ФБ порака претседателот на СДСМ Зоран Заев.

,,Ќе има 63 пратеници, но од здружената опозиција со граѓаните, за никогаш повеќе да не ја уценува Македонија.

Заврши времето на автократија. Доаѓа време на правда, слобода, демократија и единство. Доаѓа време на живот во Македонија.

Македонија ќе го порази режимот” – стои во реакцијата на Заев по говорот на Груевски пред симпатизерите на народниот собир, во кој побара 63 пратеници за да не може никој да ги уценува, како што рече.