Ќе се прави теренска проверка на корисниците на државни станови

Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои информацијата со списокот на станари кои живеат во становите на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, и донесе одлука да биде изготвена информација за податоци за неплатени давачки, како и за социјалниот статус на лицето на кое е доделен стан под закуп.

Владата го задолжи Министерство за труд и социјална политика во соработка со Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, во рок од десет работни дена да формираат мобилни инспекции кои ќе вршат теренска контрола на корисниците на станови под закуп и за спроведената контрола да ја информираат Владата на Република Македонија најдоцна до крајот на февруари 2019 година.