Ќе се реконструира уникатната поштенска зграда која изгоре во пожар

Новиот генерален директор на Македонска пошта, Јани Макрдули, објави дека започнува процедурата за реновирање на зградата на поштатат во центарот на Скопје, која настрада во пожар од невнимание.

,,Како една од најрепрезентативните и најпрепознатливите примери за бруталистичка архитектура во светски рамки, и како една од најмаркантните згради на постземјотресно Скопје, макетата од „Македонска пошта“ е изложена во Музејот на модерната уметност во Њујорк (МОМА).

Затоа, заедно со Министерството за култура и другите надлежни институции, ќе продолжиме со интензивирање на активностите од планот за зачувување и ревитализација на опожарениот објект, заради негова валоризација како заштитено културно наследство“-изјави Макрадули.