Џабе рампа, безобразните возачи се снајдоа и пак влегуваат низ сервисната улица во пешачката зона на кеј

Нема крај на безобразлукот и јавашлукот низ скопските улици, пешачки зони, буквално низ цело Скопје и во секоја негова област.

Не се почитува ништо и не се спроведува ниту еден пропис, правило или закон.

Општина Центар неодамна постави, ПОВТОРНО, подвижна рампа за сервисната улица покрај кафулињата и рестораните во пешачката зона на кејот на Вардар зад ГТЦ.

Рампа за влез само со пропусница

Но, иако рампата е поставена, сосема наивно од нејзината лева страна при влез е оставен незаштитен простор(намерно?), кој сега се користи за влез во делот забранет за ониие кои немаат специјални пропусници.

Возачот на комбето вели дека поминува од тука затоа што никој не го заградил

И сега, нормално, тоа што не е забрането е дозволено, па целата ситуација наликува на онаа со лудиот и збунетиот.

Врвулица
Ма кој ве врти…

Посебна приказна е запуштеноста на овој најфреквентен дел од центарот на Скопје кадешто се наоѓаат популарните ресторани во зоната која треба да биде пешачка. Хартии и ѓубре насекаде, уништени тревници, оставени бетонски блокови и камења од уништени жардињери…

И…контејнери преполни со ѓубре, а наоколу клупи за седење.

Тука луѓето седат и ги јадат своите сендвичи, а готвачките од хотелот и околните ресторани со кофи ги истураат остатоците од храна директно во контејнер!

Македонија ВЕЧНА, валкана и некултурна.

АКО.мк