Џафери:Како пратеник имам уставно право да се обратам на албански и на македонски јазик

,,Оставам граѓаните да ценат дали сум провоцирал со обраќањето на мојот мајчин јазик или само сум го користел моето уставно право“-рече претседателот на Собрание Талат Џафери.

Тој објасни дека решил да не обезбеди превод за да ги испочитува двете заедници и македонската и албанската.

Понатаму,новинарите албанци прашуваа на албански, Џафери одговараше на албански, а на инсистирање на некои новинари сам си ги преведуваше одговорите.

Талат Џафери не одговори на прашањето на кој јазик ќе се обрати на Илинден на Мечкин камен,туку ги повика новинарите да известуваат, па ќе видат.