Џевад Исени од СДСМ незадоволен од Кирацовски работеше во штабот на Блерим Река

Џеват Исени функционер и ветеран на СДСМ, како што самиот се декларира, објави дека на претседателските избори незадоволен од работата на генералниот секретар и шеф на изборниот шатаб, Александар Кирацовски, работел директно за кампањата на Блерим Река.

Со заедничка фотографија, му се обрати на раководството на СДСМ.

,,Сега може да ме разрешите, ама кажав и јавно се произнесов дека со погрешната политика на Г-динот Кирацоски, кој е генерален секретар на партијата во која долго време вложував и со целиот мој труд придонесов за да се урне режим и диктатура, заедно и со овие луѓе се боревме да дојде живот во РСМ.
На неколку средби и разговори во седиштето на СДСМ на одредени функционери им дадов до знаење дека на погрешна страна го водат орото.
Наспроти тоа што лидерот на СДСМ го информираа и го напојуваа со лажни информации и го тапкаа по рамо, никогаш нема да ја погазам неговата заслуга на меѓународно поле и успех за надворешната политика.
Меѓутоа, конечно дојде време да кажам дека јавно се спротивставував и критикував одредени функционери во раководството на СДСМ, кои секојдневно плачеа и кукаа зошто сум ги критикувал, бараа мое разрешување, но јас само едно барав .. професионален и соодветен кадар, и заштита на мојот народ и граѓаните на Република Северна Македонија, зошто препораката на лидерот од првиот ден беше таа“-вели Исени.


Тој вели дека албанското гласачко тело верувало во него, а очекувал дека Кирацовски ќе има слух и разбирање да посвети внимание на нивната застапеност во вработувањето, исто така го предупредувал и во однос на македонскиот (не)квалитетен кадар и слично.


Вели дека на секоја негова забелешка Кирацовски му се обраќал со зборовите: Обрати се кај Зоран Заев и кај Оливер Спасовски зашто за тебе тие одлучуваат.


,,Јас не барав ништо за мене, барав воопшто за сите граѓани на државата, а сега да кажам за господата на сликавата“-додава Исени.

Џеват Исени,прв од десно,Блерим Река, Зијадин Села и Билјал Касами


,,Ме почитуваа, ми ги отворија ширум вратите за консултации, за чесни разговори, интелектуалци и професионалци пред сѐ.
Достапни за секој граѓанин на РСМ, без разлика на вера, партија и националност, за соживот во државата, за професионалниот кадар, за вистинско општество, и затоа докажаа и докажавме со 80.000 гласови- СТОП да не манипулирате, СТОП за лажење на премиерот„-вели тој.


,,Јас секогаш сум истиот, транспарентен, борбен и несоборлив, немој да пробате да ме уценувате, туку отрезнете се од длабокиот сон, ова не е победа, вака, токму вака 2006 год. се изгубија изборите, а сега може слободно да ме разрешите, но со аргументи.
Се надевам еднаш за секогаш треба да се искористи метлата.
Им се заблагодарувам на моите подржувачи и активисти кои како и секогаш го слушнаа мојот глас“-пишува на ФБ Џеват Исени, кој е и претседател на одбор на директори на ПУИК..