Џеват Адеми: Не постои никаква Тиранска платформа

-Сè има граница, и клеветата, и инсинуацијата. Милошоски, од кога ти пречи таканаречената Тиранска платформата која не постои? После 29 јануари? Ни пред 29 јануари, ни после 29 јануари, таа не постои. Албанците во Македонија имаат свои легитимни, легални политички организации, тие имаат легална и демократска политичка елита. Тие немаат потреба од инструкции, од наметнати документи и немаат потреба да бидат ничии аргати за други цели – рече Адеми и праша, дали на ВМРО-ДПМНЕ и пречи Талат Џафери да е претседател на Собранието.

Ова го изјави пратеникот на ДУИ Џеват Адеми обраќајќи му се на Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ и побара од него да престанат да ги навредуваат Албанците.

Милошоски се правдаше дека тие не ги навредуваат,  а доказ дека е тоа така и дека ги имаат сите права е тоа што седат тука во парламентот.

Седницата попладне беше прекината, а нејзино продолжение е закажано за утре во 12 часот.