Џокси за вечната ,,На Велигден“ доби Златна Буба Мара за ,,Песна за век и векови“

Вчера во Скопје се одржа уште едно издание на популарното шоу ,,Златна Буба Мара на популарноста“.

Неколку часа исклучителна забава беше приредена пред полната сала гледачи во Арена ,,Борис Трајковски“.

Меѓу бројните награди е и онаа за вечниот хит на Џокси насловена како , Златна Буба Мара за ,, Песна за век и векови“.

Џокси со хорот ,,Мирче Ацев“

Организаторите на ,,Златна Буба Мара“ на нивната официјална ФБ страница ги објавија сите добитница на оваа статуетка:

Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека

Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика

Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)

Пејачка на годината – Тамара Тодевска

Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)

Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)

Најсатирична емисија – Фчерашни новости

Трајни музички вредности – Електрични оргазам

Театарска претстава – Мој термин (МНТ)

Актер на годината – Јордан Симонов

Актерка на годината – Тања Кочовска

Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга

Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски

Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис

Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија

Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Животно дело во областа на филмот – Столе Попов

Награда за прва труба – Џамбо Агушев

Најголем интернационален успех – Медена Земја

Амбасадори на македонската култура – Танец

Спортски успех – РК Вардар

Музички Продуцент – Мите Димовски

ТВ актерка – Јелена Јованова

Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)

Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)

Трајни музички вредности – Галија

Пејач на годината – Влатко Лозаноски