,,Како никогаш досега Велигденот не сме го дочекале на ваков начин, карантински, и можеби и одговорноста е поголема, да, во овие моменти, духовно да се воздигнеме над сѐ. Со Акадамскиот хор ,,Мирче Ацев“ и диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска, а со техничка поддршка на Христо Ловачев, подготвивме една нова верзија на песната ,,На Велигден“. Мислам дека ќе ви се допадне. Среќни Велигденски празници“-порача Џина Папас Џокси со неговата вечна и ,,песна на векот и векови“, според Златна Буба Мара.