Џо Бајден му порача на Трамп да порасне

Несериозно и опасно е Претседател да не им верува на безбедносните служби и да тврди дека знае повеќе од нив, -вака потпретседателот Џо Бајден ја коментираше изјавата на новиот Прерседател на САД Доналд Трамп дека тој има повеќе податоци од сите безбедносни служби за случајот хакирани мејлови на Клинтон и нејзините соработници.

Бајден смета дека Трамп треба внимателно да ги сослуша што имаат да кажат сите безбедносни служби во Америка и тесно да соработува со нив, а не да ги потценува.

Тоа е исто како ученикот да му каже на професорот дека повеќе знае од него за физика- вели Бајден.

,,Порасни Трамп, време е да бидеш возрасна личност, сега си Претседател,,- изјавил за американските медиуми Џо Бајден.