Џо Бајден победник во Џорџија и по пребројувањето на гласовите

Кандидатот на Демократите, Џо Бајден е победник во сојузната држава Џорџија и по пребројувањето на гласовите, соопшти државниот секретар на оваа држава.

Бајден има предност од 12.284 гласови пред републиканецот Доналд Трамп и извесно е дека во петок, денеска, и официјално ќе биде прогласена неговата победа.

Трамп губи на сите полиња каде што поднесе приговор и бараше пребројување на гласовите.

Неговата кампања плати дополнителни 7 милиони долари за пребројувањето во некои реони, како на пример сојузната држава Винконсин.

Во два реона кои се демократско упориште, само ќе се зголеми предноста на Бајден, велат од таа држава.

Џо Бајден изјави дека е бесмислено однесувањето на Доналд Трамп, кој не сака да признае пораз и да се тргне од власт.