На првенството за џудо на Балканскиот шампионат кое викендов се оддржа во Никшиќ, Црна Гора, Борјана Поп Атанасова на доминантен начин стигна до шампионскиот наслов во категоријата +63 килограми и се закити со златен медал, додека пак Лилјана Недановска немаше среќа во финалната борба во категоријата до 57 килограми, па мораше да се задоволи со сребрен медал.

Со македонските репрезентативци во Никшиќ е и претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Зегљуљ Реџепи.

Поп Атанасова и Лилјана Недановска ја продолжија серијата на успешни настапи на македонските џудисти на балканските шампионати.

Поп Атанасова ја зголеми колекцијата на медали на ЏК Миоки по бронзениот медал на Хамза Јашари на Европското првенство за кадети во Сараево, додека среброто на Недановска е голем поттик за ЏК Преспа, докажувајќи дека има преспективна женска екипа.