1.194 оздравени, 20 починати и речиси половина од тестираните позитивни на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 207
-Куманово 33
-Штип 33
-Прилеп 25
-Тетово 17
-Велес 21
-Битола 22
-Охрид 3
-Кавадарци 16
-Гостивар 16
-Струмица 17
-Крива Паланка 8
-Радовиш 7
-Крушево 1
-Кочани 21
-Пробиштип 7
-Демир Хисар 3
-Пехчево 2
-Берово 10
-Виница 2
-Делчево 11
-Кратово 1
-Свети Николе 2
-Кичево 18
-Неготино 12

Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од:
-Скопје 508
-Куманово 41
-Дебар 9
-Штип 50
-Прилеп 80
-Тетово 69
-Струга 17
-Велес 60
-Битола 28
-Охрид 37
-Кавадарци 43
-Гостивар 31
-Гевгелија 19
-Струмица 41
-Крива Паланка 42
-Радовиш 7
-Кочани 30
-Пробиштип 13
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Пехчево 3
-Берово 5
-Валандово 4
-Виница 1
-Делчево 1
-Кратово 4
-Свети Николе 13
-Кичево 24
-Ресен 4
-Неготино 7

Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.