Алек Ѓорѓевиќ, има само 10 години и оди во четврто одделение. Роден е во Нов Зеланд, а живее во Австралија. Татко му Владан е Србин, а мајка му Жана е Македонка од Скопје, а покрај нив ја има и сестрата Андреа, пишува порталот Улица.мк.

Тенис игра од своја четврта година, член е на Редклиф тенис клубот. Меѓу првите тренери му беше Томас Висек, од Чешката република, поранешен успешен тенисер кој се натпреварувал и со еден Бјорн Борг на времето. Томас го нарече Алек „малиот Ѓоковиќ“, поради сличното презиме, а и добрата игра.

Алек, досега има освоени седум пехари во различни категории и регионални турнири. Најновиот пехар  го освои пред три дена во тенискиот клуб Винум, каде што се играше „Јуниор Девелопмент Сериес 2018“. Настапија 36 деца, на температура од 33 степени, Алек играше шест часа! Тој е левак, а омилен удар му е сервис и форхенд кроскорт.

Повеќе на Улица.мк