11 земји членки го ратификуваа Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

,,Со ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на парламентите на Полска и Словачка 11 земји членки дадоа зелено светло за влез на ншата држава во НАТО Алијансата.

Повеќе од една третина од земјите членки и посакаа добредојде на нашата држава во најмоќниот безбедносен сојуз. Северна Македонија 30 земја членка на НАТО.

Процесот на ратификација беше поздравен и на Министерскиот состанок на НАТО каде беше потенцирано дека вратите за влез на Република Северна Македонија во НАТО се ширум отворени

Ратификацијата продолжува и во останатите земји членки на НАТО Алијансата, а откако Протоколот ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО.

Заедно одиме напред, градиме силна и стабилна држава, безбедена и сигурна. Членството во НАТО освен безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.

Република Северна Македонија тргна напред и запирање и враќање назад нема“-соопшти СДСМ.