11 килограми марихуана запленети на Богородица

На ден 19.10.2019 година на излез од државта на ЦИ Богордица за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило Мерцедес со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин.

Возилото било селектирано од мобилен царински тим за детална царинска контрола. Во левата и десната страна на багажниот простор во внатрешноста на носечките шини кои се протегаат од задниот браник до задните седишта споени со специјално направен бункер над резервоарот за гориво, пронајдени се 13 паковки залепени со кафеaва селотејп лента наполнети со марихуана. Вкупната бруто тежина на паковките е околу 11 килограми.

Царинската управа на Република Северна Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 ст. 1 и 7 од КЗ, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти Царинска управа.