115.000 граѓани од 15 јули до 15 декември ќе може да го искористат ваучерот за домашен туризам

Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, преку УЈП на својата е-пошта ќе добијат QR код, заедно со упатство за користење на истиот.

Ваучерот, во вредност од 6.000 денари, може да се искористи од 15 јули до 15 декември 2020.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 115.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка на домашниот туризам, соопшти Владата.