12 годишник запалил бездомник во Нови Сад

Едно 12 годишно момче во придружба на свои двајца врсници, запалил бездомник кој подоцна починал. Тие биле на улиците во Нови Сад и утрото околу 3 и 30 поминувајќи покрај бездомници кои спиеле на бетонот покриени со ќебиња и картонски кутии, ги запалиле фрлајќи врз нив запалени весници.

Еден од бездомниците почнал да гори, а починал откако го однеле во болница.

Полицијата брзо ги идентификувала сторителите и ги однеле на разговор во присуство на родителите, но останале шокирани кога малолетникот одговорил дека едноставно така му дошло да го запали несреќниот бездомник.

Бидејќи е малолетник, момчето не може да биде кривично гонето, но српската јавност е згрозена од овој чин и бара итни мерки за казна на родителите и институционално згрижување и превоспитување на малолетниците.