120 садници за Центар, 85.293 за Ѓорче Петров

Почитувани Центарци, денеска е “Денот на дрвото” и вие имате право да ја дознаете ВИСТИНАТА!
-пишува градоначалникот андреј Жерновски на својот ФБ профил.

Државата, преку „Македонски шуми“, има различен аршин спрема единиците на локална самоуправа, па своеволно одлучува која општина колку садници ќе добие за зазеленување на просторот.

Општина Аеродром добива 22.770,
општина Ѓорче Петров добива 85.293,
општина Гази Баба добива 67.905, а
општина Кисела Вода добива 30.000 садници.

Верувеле или не, оваа година Општина Центар добива само 120 садници.

Власта и преку оваа акција ги казнува граѓаните на Центар. За Ѓорче Петров 85.293, а за општина Центар, во која власта и град Скопје направија најбрутална сеча на дрвјата, „цели“ 120 садници. Значи 710- ПАТИ-ПОВЕЌЕ садници се пратени за садење во Ѓорче Петров, отколку во Центар.

Жителите на Центар имаат еднакво право на чист воздух. Дури и во предизборен период, кога власта сака да „ќари“ поени на секој можен начин, сите граѓани имаат исти права.

Без разлика на ова владино самоволие, ние и понатаму ќе водиме максимална грижа за здрава животна средина и повеќе зеленило- реагира Жерновски.