13 месечно невакцинирано дете од Свети Николе почина од морбили

Министертвото за здравство соопшти дека 13 месечно дете, починало од компликации на морбили на детската клиника во Скопје. Ова е второ дете што за последните неколку дена, почина од морбили.

,,Искрено жалиме што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење, се вели во соопштението од Министерството за здравство“-се вели во соопштението на МЗ.