14 и 15 февруари Ден на жалост, почина уште едно лице

По повод тешката сообраќајна несреќа во која живото го загубија 14 лица, Владата на РСМ, прогласи Ден на жалост на 14 и 15 февруари.

Страшната сообраќајна несреќа се случи на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Ласкарци, кога гостиварски автобус изгуби контрола ,премина на спротвната насока на автопатот кон Скопје, и излета во бездна, по што се преврте.

Како што соопшти вечерва премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите, бројката на починати се искачи на 14, а шест се борат за живот. Тој најави дека утре ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе се донесат и одлуки за поддршка на семејствата на починатите.