14-месечното дете кое наводно паднало од искршен прозорец имало скршен череп

 

На 06.03.2018 година во 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од болницата „Аџибадем Систина“-Скопје пријавено е дека кај нив било донесено 14-месечно женско бебе со скршеница на череп  и крварење во мозокот, кое во 19.10 часот починало. Се работи на расчистување на случајот, информира МВР.

Според неофицијални информации, несреќата се случила во зграда на улицата Архиепископ Доситеј. Бебето било со својата баба и се симнувале по скалите во влезот. Но во еден момент девојчето се отргнало од нејзините раце по што се затрчало кон скршениот прозорец меѓу спратот и паднало од висина од околу 3 метри.