14 пратеници од ВМРО ДПМНЕ на ФБ соопштија дека нема да поддржат уставни измени

Не е јасно кој ја поттикнува акција за јавно изјаснување на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не поддржат уставни измени по референдумот со кои ќе се промени уставното име Република Македонија во Република Северна Македонија.

Досега 14 од нив на своите ФБ профили ја објавиле јавната изјава:

,,Јас Ане Лашкоска, како кандидат за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ ја побарав Вашата поддршка на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 година. И тогаш, а и денес гласно кажувам…не се согласувам и нема да поддржам промена на Уставот на државата со цел промена на Уставното име на Република Македонија. Нема да бидам пратеник, но пред се човек, граѓанин на Македонија, кој ќе се согласи да се избрише минатото на државата, да се избрише делото на нашите предци и да придонесам во создавање на идина на младите генерации без минато.
Ни поставуваат прашање кое не заслужува одговор!
Татковината ни е света! Ја носам во срцето!
Вечна да ни е Македонија!“.

Но, одреденеи портали со вмровска провиниенција и без импресум, водат евиденција за секој нов пратеник што ќе се придружи на оваа група, и ги прозиваат останатаите да го направат тоа.

Се изјасниле:

Дафина Стојановска, Зоран Илиоски, Емилија Александрова, Димитар Стевананџија, Ане Лашкоска, Павлинка Честојнова, Никола Мицевски, Весна Дамчевска – Илиевска, Невенка Стаменковска, Благица Ласовска, Магдалена Манаскова, Трајче Димков, Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска.

Очекуваат да се изјаснат:

Благоја Деспотовски, Борис Змејковски, Весна Пемова, Васил Пишев, Даниела Рангелова, Драган Данев, Горан Манојловски, Владимир Ѓорчев, Драган Цуклев,  Зоран Ѓорѓиевски, Елизабета Кначеска Милевска, Жаклина Пешевска, Емил Димитриев, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски, Крсто Јовановски, Крсто Мукоски, Иван Иванов, Нада Ципушева, Љубен Арнаудов, Никола Груевски, Нора Исмаслоска-Старова, Никола Попоски, Трајко Вељановски, Слаѓана Митова и Сашо Василевски.

ВМРО ДПМНЕ и колацијата во моментот имаат 48 пратеници, Од коалицијата остануваат уште 6 пратеници, Панчо Минов (Гром), Стојан Миланов, Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ (СПМ), Зекир Рамчиловиќ (Партија на бошњаците) и Иван Стоилковиќ како претставник на српската партија во Македонија, кои не го кажале својот став.

Тројца веќе ја напуштија, Амди Бајрам, Чедомир Саздовски и Јусуф хасани.

ВМРО ДПМНЕ веќе ја започна внатрепартиската битка за зачувување на пратениците, бидејќи подолго време се зборува дека 11 од нив ќе се приклучат на мнозинството при гласањето за уставни измени за кои е потребно двотретинско мнозинство.