1517 граѓани ќе бидат внесени во избирачкиот список

По дополнителна проверка на барање на 1517 граѓани кои се јавиле во законскиот рок откако не се пронашле на единствениот избирачки список, ќе бидат внесени дополнително, информира Државна изборна комисија.

Овие граѓани го искористиле своето право претходно не беа евидентирани и беа во списокот на граѓани кои ги нема или се спорни заради нецелосни податоци. Такви констатирани проблематични записи имаше за 29 858 лица.

За вршење јавен увид во ИС и за пријавување на граѓаните со спорни записи, ДИК отвори дополнителни канцеларии во 17 општини каде што нема свои подрачни одделенија или канцеларии. Секој ден до 11 ноември беа  отворени  канцеларии во Сарај, Ѓорче Петров, Студеничани, Аеродром, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Арачиново, Петровец, Липково, Долнени, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце, Маврово и Ростуша и Врапчиште.

Инаку, покрај листите на СДПМ на Бранко Јаневски, ДИК целосно ги отфрли листите и на НДМ на Јанко Бачев заради низа пропусти при поднесувањето.