16 години по Милошевиќ

Денеска се навршуваат 16 години од големите демонстрации во Белград на здружената опозиција – ДОС, по кои Слободан Милошевиќ беше симнат од власт.

Во 2000 година граѓаните на повик на ДОС масовно излегоа на улица,откако изборната комисија оспори победа на нивниот кандидат Воислав Коштуница на изборите од 24 септември. Неколку дена траеа протестите пред Собранието, а од ден на ден тие стануваа се помасовни.

milo %d0%bd%d0%be%d1%81

Во меѓувреме, лидерите ан ДОС ги отфрлија резултатите што ги прикажуваше изборната комисија и инсистираа дека Коштуница го победил во првиот круг Милошевиќ. Но, Изборната комисија соопшти дека кандидатот на ДОС освоил 49 отсто гласови и најави следен круг гласање.

ДОС тоа го одби и народот секојдневно се собираше, а следуваше и повик за генерален штрајк кој кулминирапше со протест на рудари во Колубара. Протестот во Белград беше најмасовен од почетокот на 90-те години.

%d0%b1%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d1%80 mas

Иако полицијата се обидуваше да ги запре колоните кои се упатуваа од внатрешноста кон главниот град на Србија, на крајот сите блокади беа пробиени.

Масовниот упад во тогашната зграда на Собранието уследи по 15 часот кога беше заземена и блиската полициска станица. Паралелно имаше и напади врз зградата на РТС каде беше запалено приземјето.

Полицијата даде отпор, но на крајот беше скршен,а голем број полицајци им се придружија на граѓаните и ги одбиваа наредбите. Пред платото меѓу Собранието и РТС пристигна и конвој оклопни возила за кои подоцна се дозна дека биле на Единицата за специјални операции на Службата за државна безбедност, но тие не интервенираа.

Милошевиќ, следниот ден се обрати до јавноста и призна дека доживеал пораз на изборите, на што претходел разговор со Коштуница. За време на тие немири беа повредени повеќе од 60 граѓани на Србија, а двајца загинаа.