Австралискиот сенатор, Фрејзер Анинг, ги разлути Австралијците со неговата изјава по масакрот во двете џамии во Нов Зеланд. Имено, тој смета дека крвавиот инцидент е ужасен, но дека за тоа придонела масовната мулиманска имиграција која секојдневно тропа на вратите на континентот. За време на една изјава, младиот Вил Коноли, го удри по главата со јајце, а сето тоа го снимаше со својот мобилен телефон.
Приврзаниците на Анинг се обидоа да му го одземат телефонот.
Вил Коноли соборен за земја

Австралискиот премиер, Скот Морисон, е згрозен од однесувањето на антимуслиманскиот сенатор по терористичкиот чин во Нов Зеланд и побара да одговара за своите изјави и за шлаканицата на 17 годишниот Коноли.