17 годишно момче тешко повредено во тепачка во Скопје

Вечерва околу 19 часот, на автобуската постојка кај Народна банка, според информација од МВР, дошло до тепачка во која е повреден со остар предмет, најверојатно нож, седумнаестогодишник. Според некои м,едиуми, станува збор за син на гдаоначалникот на Чучер Сандево.

Други информации пак говорат, но не се официјално потврдени,  дека тепачката има  етничка позадина, наводно предизвикана од одмазда заради информацијата дека на млада Албанка и била симната марамата од глава во центарот на Скопје.

МВР работи на целосно расветлување на случајот.