18 дрвја ќе се спасат

Општина Центар ќе го помести објектот на училиштето што ттеба да го гради за 2,7 метри , со што ќе се спасат 18 дрвја од постоечките. Дел од дрвјата ќе бидат исечени, но заменети со нови.

Во дворот на новото училиште ќе бидат посадени нови 40 високошколувани дрвја, со што бројот на дрва ќе биде зголемен и ќе има вкупно 58.

Општина Центар ги известува граѓаните дека го помести објектот на новото основно училиште во Капиштец, во рамки на градежната парцела, за 2,7 метри. Со ова се спасуваат од сечење 18 дрвја, односно 50 проценти од постојните дрвја на самата парцела ќе бидат зачувани.

Во дворот на новото училиште ќе бидат посадени нови 40 дрвја, со што бројот ќе биде зголемен и ќе има вкупно 58.

Во следните неколку денови, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе започне со отстранување на дрвјата, од кои најголем дел се стари и заболени.

Општина Центар информира дека продолжува со градежните активности за изградба на првото основно училиште во Капиштец.