19 годишно момче со српско потекло, во швајцарскиот кантон Золотурн, вчера на автопатот А1 во близина на Лензбург, управувал со возило ,,Ауди Р8“ со брзина од 300 км на час.

Но, во еден момент изгубил контрола над воланот и се превртел неколкупати, а на крајот скапото возило од 180.000 франци заврши како куп старо железо на оградата од автопатот.

Полицијата објави фотографии од овој инцидент.

Неверојатно е како воопшто младото аздисано момче останало живо, коментираат швајцарските медиуми.

Тој е приведен, одземена му е возачката дозвола која ја добил само пред неколку месеци, а против него ќе биде покрената и соодветна постапка.

Скапиот автомобил бил осигуран, а направената штета се проценува на најмалку 80.000 швајцарски франци.