На денешен ден пред 20 години во Куманово беше потпишан Договор за воено-техничка соработка, со кој заврши бомбардирањето на НАТО врз тогашна Соујузна Република Југославија, во чиј состав влегуваа Србија и Црна Гора.

Мета на НАТО авијацијата беа главно стратешки и воени цели во Србија, но во текот на 11 неделното бомбардирање беа погодени повеќе цивилни цели и загинаа неколки илјади цивили, кои беа прогласени за колатерална штета.

По петденвно преговарање, договорот го потпишаа генерал-полковник на Војската на СРЈ, Светозар Марјановиќ, полицискиот генерал, Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајкл Џексон.

Со ова заврши и бегалската криза во Македонија која во тоа време беше прибежиште на 300.000 косовски граѓани, сместени во бегалскиот камп во Стенковец.

Војската на Србија почна да се повлекува од Косово, а Слободан Милошевиќ ги броеше своите последни денови и месеци како претседател и како слободен граѓанин.

Договорот беше потпишан на воениот аеродром крај Куманово, а изјави дадоа потпосниците доцна во ноќта на 9 јуни 2009 година.