20 годишна бремена жена е една од повредените во експлозијата на плинска боца

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во Кумановското село Романовце. Четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност.

Од четворицата сместени на Клиничкиот центар двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години. Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40 – тина години е во Одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентката која е бремена се вршат дополнителни испитувања. Во Старата Градска болница е примено е и дете кои има мал процент на изгореници.

Во експлозијата на плинска боца која се случи во 10 часот во семејна куќа во село Романовце, загинаа три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години кои починале на местото на настанот.