200 членови и функционери на ВМРО ДПМНЕ од Охрид повикани од СЈО

Околу 200 функционери и членови на ВМРО ДПМНЕ од Охрид се повикани на информативен разговор во Специјалното јавно обвинителство, неофицијално во врска со истрага што се води за финансирање на изборната кампања на партијата во претходните изборни циклуси .

 

Информацијата за OhridNews ја потврди претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Љубен Арнаудов, кому исто така му стигнала покана за распит на домашна адреса.

– Да точно е. Околу 200 членови на нашата партија се поовикани на разговор во СЈО. Не знаеме од која причина. Немаме комуникација со СЈО, но изненадени сме од ова што се случува. –  изјави во телефонски разговор за порталот актуелниот пратеник и претседател на огранокот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид  Љубен Арнаудов.

Арнаудов информираше дека  заседавал општинскиот комитет на партијата кој ќе заземе став во врска со последните случувања поврзани со активностите на СЈО во Охрид, за што јавноста ќе биде известена во текот на денешниот ден.

Членови на ВМРО ДПМНЕ, актуелни и поранешни функционери, директори и раководители во сите државни институции во Охрид треба да дадат искази во СЈО за сомнителни донации за време на изборите изминатите години.

Извор:OhridNews