21 година мистерија: Кој сакаше да го убие Глигоров?

Пред 21 година врз Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен атентат.

На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.

kiro-gligorov %d0%b3%d0%bb%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%be%d0%b2

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегнал и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

atent0 atentat-7

Нападот бил извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодирала кога автомобилот на Претседателот минувал покрај неа.

%d0%b0%d1%83%d0%b4%d0%b8 %d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%822

Од силината на експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. Овој автомобил бил намерно избран за поставување бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на Претседателот. Нападот се случи само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за мегусебно признавање на двете земји.

%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b1%d0%be images

Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати. Во 1995 година, по неколку месеци од атентатот, како еден од можните атентатори, разузнавачката служба ги посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија.

Едно време беше изработен и фото робот на можниот извршител.

%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%be%d1%82 kadar-kiro1

Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи како нарачатели ги посочил бугарската „Мултигруп“, југословенската „КОС“ и т.н. „Братиславска врска“, но не се пронајдени цврстии докази околу нивната вмешеност во атентатот. По ова, раководството на бугарската организација „Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации.

Во април 2008 година е лиферувана и информација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација „Кос“, но оваа информација никогаш не е потврдена.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година.

%d0%ba%d0%bd%d0%b8%d0%b3%d0%b0

Првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 ви јануари 2012 година.