21 годишна локална пејачка е уапсена за убиство на 55 годишен угостител од Мостар

Сунита Хиндиќ Бошњаковиќ, стара 21 година од Босна и Херцеговина, е уапсена за убиството на 55 годишниот Нино Иванковиќ, сопственик на мотел во местото Буна крај Мостар.

Таа вчера самата се пријавила во полиција, а потоа е уапсена за убиство на Иванковиќ, кое се случило пред неговиот мотел.

Локалната пејачка и порано е приведувана за насилство и арогантно однесување.

Таа има ФБ профил кој изобилува со полуголи фотографии, пеело по локални кафеани, а често се фалела дека била избрана за мис на Херцеговачко-неретванскиот кантон во Б и Х.