22 годишен француски студент се самозапалил поради финансиски проблеми

,,Не можам повеќе да живеам со 450 евра месечно“-напишал францускиот студент неколку часа пред да се самозапали пред универзитетскиот ресторан во Лион.

Неговата девојка кога дознала што планира веднаш јавила во полиција, но било доцна бидејќи тој веќе се полеал со бензин и се запалил.

Кога пристигнале полицијата и брзата помош, 22 годишниот студент горел. 90 проценти од неговото тело е со тешки изгореници и лекарите се борат за неговиот живот, извести Би-Би-Си.

Во својата порака на ФБ, студентот навел дека него го ,,убиле“ францускиот претседател Макрон, неговите двајца претходници, ЕУ, експанзијата на фашизмот и либерализмот.

Тој се залагал за борба против капитализмот и концентрацијата на моќ и пари кај поединци.